Сода бикарбоната, евтина состојка која секој ја има низ дома, може да се користи во различни третмани за нега на телото.
Можете да користите сода бикарбона на овие начини:
Миење на лицето
Еден начин да се користи сода бикарбона за нега на кожата е да се користи како средство за миење лице.
Измешајте две лажички сода бикарбона и една лажичка топла вода и направете паста.
Измијте се со топла вода и нанесете ја пастата на лицето и втријте ја со нежни кружни движења. По неколку минути измијте го лицето со млака вода.
Пилинг
Можете исто така да користите сода бикарбона како пилинг. Доволно е да измешате 15 грама сода бикарбона, 30 грама овесно брашно и 20 мл вода.
Оваа смеса втријте ја на лицето за да ги уништите мртвите клетки на површината, а потоа измијте ја со топла вода.
Купка за стапала
На кожата на стапалата обично не и се придава толку големо значење. Сепак, со помош на сода бикарбона кожата на стапалата може да биде мека и негувана.
Додадете 70 грама сода бикарбона во три литри вода и потопете ги стапалата во смесата половина час. После тоа, нанесете крема на стапалата.
Купка за детоксикација
Детокс купките се одличен начин за отстранување на токсините од телото и враќање на природниот сјај на кожата.
И за оваа купка можете да користите сода бикарбона: во водата додадете 70 до 140 грама сода бикарбона и 140 грама горчлива сол.
Лежете во оваа купка половина час и ќе бидете како нови.
Нега на нокти
Можете да користите сода бикарбона и за чистење на ноктите и елиминирање на габите на нив.
Посипете малку сода бикарбона на вашите нокти и добро истријте ги со четка. За лекување на габички на ноктите, измешајте два дела сода бикарбона и еден дел вода за да направите паста што ќе ја нанесете на и околу ноктите.
Оставете да отстои десет минути и повторувајте два до три пати на ден, додека не ја елиминирате габата.
Маска против акни
Ако имате проблеми со акни, сода бикарбоната е одлична алатка која ќе ви помогне да се ослободите од нив.
Откако ќе го измиете лицето, измешајте малку сода бикарбона со топла вода за да направите паста што ќе ја нанесете на лицето.
Оставете да делува пет до десет минути и исплакнете со млака вода. Сода бикарбоната не само што ќе ја исчисти и омекне вашата кожа, туку ќе ви помогне и да се ослободите од митесерите.