Маргот Роби ужива во омилената европска дестинација на многумина
По неколку интензивни месеци на деловен план, Маргот Роби замина на заслужен одмор.
Холивудската актерка која оваа година е во центарот на вниманието и нејзиниот сопруг, филмскиот продуцент Том Акерли, за своја летна дестинација ја избраа Грција.
Ѕвездата на „Барби“ е видена како го влече својот багаж од јавниот траект, пристигнувајќи на островот Сифнос. По пристигнувањето, времето го поминува со сопругот на плажа. Можеме да видиме дека и Маргот е љубител на едноделни костими за капење, таа е фотографирана во едноставен бел модел. Костимот за капење го искомбинирала со дебел златен ѓердан и нараквица на зглобот.
„Variety“ пишува дека Роби ќе заработи 50 милиони долари од филмот „Барби“. Таа, исто така, го продуцираше филмот преку нејзината продукциска куќа „LuckiChap Entertainment“, која ја основа со нејзиниот сопруг и уште двајца пријатели во 2014 година.
Двојката се запозна во 2013 година, а се венчаа во Австралија во декември 2016 година.