Чистењето на четките никогаш не било полесно
„TikTok“ е особено добра апликација кога станува збор за трикови за убавина, со професионални шминкери и аматери кои објавуваат упатства за тоа како правилно да ги користите производите и како да ги изберете најдобрите. Сепак, на интернет има и голем интерес за трикови за чистење, особено за оние кои ни помагаат брзо и ефикасно да ги исчистиме четките за шминкање.
Ќе се изненадите дека трикот што го избравме денес бара само детергент за миење садови и вода.
Ставете малку течност за миење на подлогата за чистење шминка. Ако немате, истурете детергент во чаша, па прелијте со врела вода. Погрижете се да има доволно вода за да ги покрие само влакната на четката, инаку телото на вашата четка ќе се оштети, излупи или стопи.
Доколку имате подлога, се што треба да направите е да ги истриете влакната од четката, а детергентот ќе ги исчисти и најдлабоките и најмрсните траги од шминката. Ако го избравте методот на шолја, доволно е да почекате околу 20 минути. Потоа исплакнете ги под млаз вода, внимавајќи да ги прегледате влакната на секоја четка.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
За професионалните шминкери, уште еден трик кој ќе ви помогне да бидете сигурни дека вашите четки се целосно чисти е да истурите малку алкохол во врела вода и да ги држите претходно измиените четки само една минута.