Иако можеби никогаш нема да го помислите тоа, научниците предупредуваат дека всушност постои силна врска помеѓу две навидум неповрзани работи.
Имено, долготрајната изложеност на сообраќајна бучава е поврзана со зголемен ризик од срцеви заболувања, а неодамнешните истражувања дадоа дополнителни детали за оваа необична врска.
Тие проучувале речиси 500 возрасни лица
На веб-страницата на платформата „Здравје“ на престижниот универзитет „Харвард“ пишува дека истражувачите проучувале речиси 500 возрасни лица во текот на пет години. За тоа време тие собирале податоци за сообраќајот и бучавата од авионите во близина на адресите на сите учесници во истражувањето.
По земање предвид на други фактори кои придонесуваат за ризикот од развој на кардиоваскуларни болести, како што е загадувањето на воздухот, било откриено дека секое зголемување на просечното ниво на бучава во текот на 24 часа над 5 децибели го зголемува ризикот од срцев или мозочен удар и слични срцеви проблеми за дури 34 проценти.
Анксиозност и страв
Користејќи специјализирана техника за снимање на мозокот, научниците покажале дека повисоките нивоа на изложеност на бучава се поврзани со поголема активност во амигдалата, област на мозокот вклучена во обработката на стресот, анксиозноста и стравот.
Прекумерната бучава е поврзана и со поголемо воспаление во артериите, што е познат предизвикувач за кардиоваскуларни проблеми. Овие наоди биле објавени во 2019 година во медицинското списание „European Heart Journal“.