Зошто треба да ставате влажно марамче во машината за перење?

popara4 август, 20241min00
Screenshot_3

Секоја домаќинка има свои трикови и тајни за одржување на ред во домот, но никогаш не се на одмет плус советите.

 

 

 

 

Дали и вие се мачите по секое перење да ги исчистите влакната кои се лепат на облеката и трошите уште толку време на нивно отстранување иако сте ја испрале облеката?

 

За среќа, постои решение за овој проблем, а трикот е во обичните влажни марамчиња.

 

Како функционира трикот со марамчињата?

Земете неколку обични влажни марамчиња и ставете ги во машина заедно со облеката за перење. За време на перењето, марамчето ќе се врти на различни страни и ќе ги собира малите влакна од коса, крзно или волна на себе.

 

Така, облеката ќе излезе чиста, а марамчето ќе ги соберете сите несакани влакна кои остануваат на облеката.

 

Како да одберете марамчиња?

Обрнете внимание на неколку правила за најдобар ефект:

  • Марамчето треба да е од поцврстите за да не се искине
  • Не ги бирајте марамчињата со силни ароми
  • Не користете двапати исти марамчиња
  • Посебно добри се антибактериските марамчиња
  • Не користете повеќе од 2-3 марамчиња на едно перење

 

Други трикови за ефективно перење на облеката:

  • Ставете 2 таблети за машинско перење садови во машината за облека и пуштете ја празна на 60˚С за одвреме-навреме да ја прочистувате од бактерии и нечистотии.
  • За да им ја вратите белината на работите, додадете неколку таблети аспирин.
  • Ставете неколку коцки мраз во машината за да се измазнат гужваните делови од облеката.
  • Ставете топче направено од алуминиумска фолија за облеката да не се електризира.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma