Популарниот рапер Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Ценсори со недели уживаат на одмор во Италија, а поради нејзиното провокативно облекување, локалните жители бурно реагираа.
Но, овој пат скандалот среде Венеција го предизвика Канје. Имено, раперот е виден како го покажува својот задник, додека плови со брод заедно со 28-годишната Бјанка. На парот им се придружија возачот и непозната пријателка, пишива „Ти-ем-зи“.
Кобната сцена од Венеција беше осудена низ целиот свет, а Канје, кој бил облечен во црно, од непознати причини седел на подигнатиот и отворен дел од чамецот, со делумно спуштени панталони, додека го набљудувал градот.
Во еден момент кога раперот се наведнал, го покажал неговиот гол задник. Луѓето кои биле сведоци на овој момент, останале шокирани, но веднаш го искористиле моментот да го фотографираат. Инаку, Канје не забележал дека неговиот задник е надвор, или можеби едноставно не му било грижа, затоа што не направил ништо за да го скрие.
Овој инцидент со гардеробата е сосема спротивна од вообичаениот изглед на Канје за време на одморот во Италија, користејќи го речиси секое парче ткаенина што ќе го најде за да се покрие.