Честото користење на лакови и гелови за нокти може да ја оштети плочката, па затоа е важно да им ја дадете потребната нега. Не мора да трошите пари за да одите на маникир, туку негувајте ги ноктите со природни маски кои ќе ги направите од состојките што ги имате во кујната.
Маска од пчелин восок
Потребни ви се 25 гр пчелин восок кој ќе го стопите на пареа. Масирајте ги ноктите со растопениот восок со кружни движења. Друга опција е масажата со мешавина од восок, мед и природно масло. Измешајте ги сите состојки во еднакви размери. Прво растопете го восокот и додадете масло, а кога смесата малку ќе се олади додадете мед. Нанесувајте ја маската секоја вечер и по две недели вашите нокти ќе станат сјајни и силни.
Маска од морска сол со јод
Растворете една лажица морска сол во чаша топла вода, а потоа додадете четири капки јод. Натопете памук во смесата, а потоа втријте го во ноктите. Оваа маска треба да ја нанесувате неколку пати во текот на денот и вашите нокти ќе станат силни. Маската исто така ќе го забрза нивниот раст и ќе го елиминира лупењето на ноктите.
Маска со сок од лимон
Сокот од лимон е веројатно еден од најдобрите природни производи за нега на ослабени нокти. Сокот ги зајакнува и им дава здрав сјај. Измешајте сок од лимон со мед во еднакви размери и втријте го на ноктите. По 20 минути, измијте го и нанесете малку хидратантна крема.
Што и да одберете од овие природни маски за зајакнување на вашите нокти, нема да погрешите.