Слободно може да се каже дека есенската сезона ќе оживее многу заборавени трендови, како што се високите платформи, Ugg чизмите и панталоните со низок струк, но џемперите со пруги очигледно победија.
А ако се двоумите за најголемиот тренд на зимската сезона, добро погледнете ги Инстаграм страниците на водечките светски модни инфлуенсери, но и балканските. Ќе видите дека ниту една трендсетерка не го изоставила ова парче облека, кое лесно може да се комбинира со деловен, спортски, но и елегантен стил.
View this post on Instagram
Го носи и Тамара Калиниќ, која реши да облече класична предимензионална ролка.
Каков модел на пруги и да одберете, нема да погрешите, но доколку сакате да ги следите трендовите до крај, задолжително одберете ја верзијата со патент на вратот.
View this post on Instagram
Трендсетерките најчесто го комбинираат ова модно парче со лесни и искинати фармерки, а одлично се вклопува и со модели од лажна кожа, кратки здолништа и долги црни чизми.
Дали веќе го избравте вашиот модел за оваа сезона?