
Ќерката на Новак и Јелена Ѓоковиќ, Тара, наполни шест години. Јелена по повод роденденот се огласи на социјалната мрежа Инстаграм каде објави прекрасна семејна фотографија.
На фотографијата Јелена и Новак трчаат со децата, носејќи балони.
– Шести роденден на Тара – напиша Јелена.
Јелена претходно проговори за тоа како се снашла во улогата на родител и колку тоа ја променило:
“Мислев дека тоа ќе ми дојде спонтано и лесно, но сфатив дека животот има многу да ме научи. Тоа беше предизвик за мене бидејќи се преправавме дека ништо не се променило. Бидејќи кариерата на Новак беше во полн ек, неговите цели и амбиции беа доста високи и се преправавме дека мало бебе може да го издржи сето тоа и ние со неа и дека тоа нема значително да ни го промени ритамот, патувањата… Сепак, тоа целосно не промени“, искрено изјави Јелена за РТС.
View this post on Instagram