Евтин и брз рецепт за освежителна салата од тестенини која е совршена за топлите летни денови

popara4 септември, 20231min00
Кремаста салата со тестенини и сирење

Кога температурите се искачуваат над 35, тешко е да се подготват комплицирани јадења кои бараат многу труд и време. Во топлите месеци од годината важи само едно правило – помалку е повеќе.

Мотивирани од оваа изјава,ви претставуваме рецепт за салата која е совршена за топлите летни денови.Сè што треба да направите е да измешате неколку состојки, да зготвите тестенини во вашата омилена форма и да уживате во едноставните вкусови.

Кремаста салата со тестенини и сирење – состојки:
400 гр тестенини по избор
300 гр грчки јогурт
150 гр фета сирење
1 свежа краставица
1 свежа пиперка
1 домат
Лажица маслиново масло
2 чешниња мелен лук
Свеж магдонос
Сол
Бибер
Млад кромид
Кремаста салата со тестенини и сирење – подготовка:
Гответе ги тестенините.
Зеленчукот исечкајте го на ситни коцки.
Во длабок сад измешајте ги јогуртот, сирењето,маслиновото масло, лукот, магдоносот и зачините. Додадете го зеленчукот во смесата и добро измешајте.На крај додадете ги сварените тестенини.
Оставете во фрижидер околу еден час пред послужување.
Послужете како независно јадење или како прилог.
Совет:Основата на оваа салата може да биде и оризот,кој одлично ќе се комбинира со останатите состојки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag