Ѕвездите на „Игра на тронови“ можеби мораа да лажираат повреди и да се борат со лажни, крвави рани осум сезони на екранот, но една од главните актерки, Лена Хеди, сега доживеа вистинска несреќа.
Како што откри на Инстаграм, славната Серсеи има неколку недели да се опорави.
Лена во објава на Инстаграм ги известила своите фанови дека ја повредила ногата.
На десната нога носеше гипс кој ја покриваше ногата од врвот на прстите до средината на потколеницата, додека левото стапало и беше голо.
49-годишната жена ги потпрела и патериците на седиштето, а во описот ја открила својата фрустрација поради повредата.
View this post on Instagram
– Проклетство. 6 недели – напиша таа.
Фановите на шега го предложија најбрзиот начин да се помине времето.
„Шест недели, може да ги гледате GOT сезоните 1-8 за да поминете времето“, коментираше еден фан.