Наоми Кембел каде и да се појави е забележана како специјална гостинка, а така беше и на трибините на US Open, за време на мечот меѓу тенисерите Карлос Алкараз и Матео Арналдини.
Оваа 53-годишна мајка на две деца станува вистинска енигма поради нејзиниот извонреден добар изглед и пркосна возраст.
За натпреварот, поранешната манекенка избра бел макси фустан со светол принт на предната страна, што ја направи целата креација многу интересна.
Очилата за сонце и многуте нараквици беа шик додаток за кој се одлучи манекенката, додека белите едноставни чевли ја следеа основната модна нишка.
Многу заинтересирана за натпреварот, Наоми внимателно ја следеше играта и донесе вистински гламур на трибините на US Open.
Таа неодамна ја создаде својата колекција „PrettiLittleThing“ и станува сè поголема инспирација за жените. Покрај мајчинството, таа ги реализира сите свои планови и успева да изгледа беспрекорно.