За некои тоа е знак на слабост, но Пол Џ. Зак, професор на американскиот универзитет Клермонт, во своето истражување покажа дека луѓето кои плачат додека гледаат потресни филмови се поемпатични, ментално посилни, поспособни да се справат со емоциите и да се соочат со секојдневните предизвици од луѓето кои ги потиснуваат своите чувства.
Еве што всушност се случува кога гледате филм и се чувствувате како нешто да ве гуши и почнувате да ги бришете солзите:
Луѓето се свесни дека филмот не ја претставува реалноста и дека приказната на екранот е измислена, но многумина не можат да ги задржат солзите кога ќе видат емотивна сцена, бидејќи не сакаат да ги задржат своите емоции, вели професорот Зак.
Окситоцинот, хормонот на среќата, делува како невротрансмитер и е одговорен за она што го чувствуваме кога сме сведоци на сцена. Реагираме според тоа чувство, кое подоцна не поттикнува да дејствуваме позитивно. Накратко, овој хормон не прави посочувствителни и поприемливи за ситуациите околу нас.
– Луѓето кои не се срамат да плачат додека гледаат филм се ментално посилни од оние кои се обидуваат да ги сокријат солзите – вели професорот Зак. – Доволно се храбри да ги изразат своите емоции, без да се плашат дека другите ќе ги критикуваат. Тука повторно треба да му се оддаде признание на окситоцинот, бидејќи кога сочувствуваме со луѓето на екранот, покажуваме дека не се плашиме да се залагаме за она што мислиме дека е правилно.
Истражувањата покажаа дека луѓето кои плачат додека гледаат филм знаат колку солзите се лековити и дека понекогаш е неопходно да им се препуштите. Имено, ова им дава можност да постигнат поголема емоционална стабилност во споредба со луѓето кои ги кријат своите чувства.
Од друга страна, сите добро знаеме колку е застапен стереотипот дека вистинските мажи не плачат. Повеќето од мали се воспитани дека плачење пред другите покажува колку се слаби, што е сосема погрешно бидејќи момчињата и девојчињата не се разликуваат по тоа колку плачат кога се мали. Тоа е одговор на чувство кое не е поврзано со родот.