Доколку работното време се премести во подоцнежните утрински часови, хроничната несоница, заморот од работа и недостатокот на мотивација би можеле да исчезнат.
Кога работата би започнала во 10 часот, луѓето би биле поздрави, е заклучокот од големото истражување спроведено на Универзитетот во Пенсилванија.
Бидејќи недостатокот на сон е се почест проблем, истражувачите тврдат дека пофлексибилното работно време во голема мера ќе им користи на вработените.
– Работното време е најголемиот крадец на сонот, а тоа што луѓето мораат да бидат на работа од раните утрински часови всушност кај повеќето доведува до намалена продуктивност, заклучил авторот на студијата – д-р Матијас Баснер, пишува Телеграф.