По гласините за развод кои ги лансираа медиумите,сега се огласија и тие.Неодамна американските таблоиди ја објавија веста дека познатиот музичар Џо Џонас и актерката Софи Тарнер се разведуваат.
Информациите, како што вообичаено се случува, им дошле од добро упатени извори, кои не погрешиле.После тие гласини,сега и Џо и Софи и официјално се обратија на јавноста и ја потврдија оваа вест.
Нивниот развод растажи многумина, идејќи музичарот и актерката кои се прославија со улогата во „Игра на тронови“ важеа за еден од омилените светски шоубизни парови.
– По четири прекрасни години брак, заеднички решивме да го прекинеме бракот со заедничка согласност. Има многу шпекулативни наративи зошто, но, навистина, ова е уникатна одлука и искрено се надеваме дека сите ќе ја почитуваат нашата желба за приватност, и заради нас и заради нашите деца – напиша сега бившата двојка во заеднички објава на Инстаграм.
Со оглед на тоа што важеа за еден од најхармоничните парови во светот на познатите, може да се каже дека сите очекуваа ваква воздржана изјава полна со меѓусебно почитување.Со други зборови, како што нивниот брак беше хармоничен,таков е и нивниот развод.Заедничката изјава дојде еден ден откако Џонас (34) поднесе барање за развод од Тарнер (27) во Мајами, наведувајќи во официјалните судски документи добиени од страна на Page Six дека нивната заедница е „неповратно прекината“.Членот на бендот „Jonas Brothers“ во пријавата исто така тврдеше дека нивните две ќерки „живеат првенствено со него, но дека тој бара „заедничка родителска одговорност“ по нивната разделба.
Иако нивната изјава не го кажува тоа, извор близок до семејството Џонас за горенаведениот медиум изјавил дека „разводот бил последно средство за Џо“.Според изјавата,тој „никогаш не сакал да го растури своето семејство,но морал да го направи она што сметал дека е најдобро за своите девојки“.
– Џо конечно стигна до точка кога почувствува дека ги исцрпил сите опции за да го спаси бракот – додал инсајдерот.Исто така, во медиумите може да се видат натписи дека Софи сака малку повеќе забава во животот, додека Џо сака тие да живеат помирен семеен живот и дека тоа е главната причина за крајот на нивната љубов.