Бијонсе го собори рекордот со речиси половина милијарда долари заработени на турнејата

popara7 септември, 20231min00
Бијонсе

Форбс процени дека турнејата “Renaissance” ќе и донесе вкупно 2,4 милијарди долари приход,сума што би можела да ја надмине Тејлор Свифт
Откако музичарката Тејлор Свифт ги сруши музичките и продажните рекорди со нејзината турнеја „Eras“, Бијонсе се качи на сцената и докажа дека таа е вистинската кралица -“Queen Bee” на музичката сцена.

Од почетокот на нејзината светска турнеја во мај,Бијонсе заработи 461 милион долари,со што ја надмина сумата заработена од Мадона на турнејата Sticky & Sweet во 2008 и 2009 година.

Таа турнеја на Мадона беше прогласена за најпрофитабилна светска турнеја од жена уметник,а таа титула сега ја наследи Бијонсе.

Исто така,се предвидува дека Queen Bee ќе ја „победи“ Свифт во категоријата приходи (особено од билети).Според проценките на Форбс,Бијонсе на турнејата “Renaissance” ќе заработи вкупно 2,4 милијарди долари,додека Свифт со нејзината „Eras“ ќе заработи нешто помалку, односно 2,2 милијарди долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma