Наоми Кембел ја претстави колекцијата што ја дизајнираше во Њујорк, но доби критики

popara7 септември, 20231min00
Наоми Кембел

Познатата манекенка учествуваше во дизајнирањето на колекцијата за модниот бренд PrettyLittleThing,за што доби многу критики со оглед на тоа дека се работи за масовно производство на облека.

На актуелната модна недела во Њујорк,најголемо внимание предизвика појавата на Наоми Кембел,која самоуверено се прошета на модната писта и покажа зошто со децении ја носи титулата супермодел.Сè уште со совршени линии,безвременска убавина и самоуверен став,таа на модната писта носеше долг фустан со блескави штрасови,по моделот на модниот бренд PrettyLittleThing. Станува збор за парче од колекцијата што модниот бренд ја создаде во соработка со познатата манекенка на иницијатива на сопственикот и основач Умар Камани,инаку многу близок пријател на кралицата на модните писти.

 

„Направете го светот ваша модна писта со нашата нова колекција дизајнирана од легендарната Наоми Кембел.Од фустани со фигури до впечатливи палта од вештачко крзно и нежна трикотажа,ќе бидете разгалени за избор во оваа колекција што ќе ја истакне вашата самоуверена страна,колекцијата инспирирана од Наоми со стил од деведесеттите, носи “statement” парчиња кои ќе ја подигнат вашата гардероба на едно ново ниво“,се вели меѓу другото во најавата за колекцијата,која беше пуштена во продажба вчера.Наоми Кембел се појавува и како модел на страниците на моден бренд наменет за пошироката јавност, па се чини дека во оваа соработка преовладувало пријателството меѓу познатата манекенка и основачот на модниот бренд.

Колекцијата е инспирирана од модниот стил на црната патера од деведесеттите години на минатиот век.

Сепак, оваа соработка наиде на бројни критики имајќи предвид дека денес,кога се зборува за одржливост на сите нивоа на животот, моделот се зафати со промовирање на таканаречената брза и потрошувачка мода.Таа се оправда со тоа што се гледа себеси како иницијатор на промени и дека мисли дека со овие модели и обични луѓе ќе си дозволат примеси на висока мода,но и ќе им помогне на младите дизајнери.

„Знам дека тоа е брза мода и дека луѓето критикуваат такви работи.Јас не го негирам тоа.Но,мислев дека ова е одличен начин да се влијае на промените во индустријата, така што новите дизајнери ќе бидат препознаени и повидливи на глобална платформа“.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag