Домашното масло од рузмарин ја зајакнува косата: Дочекајте ги есенските денови подготвени и убави

popara7 септември, 20231min00
Домашното масло од рузмарин ја зајакнува косата

Во текот на летото косата ни слабее, почнува да опаѓа, а нејзиниот квалитет е поинаков од порано.

Како што се приближуваме до есента,многу дами се обидуваат да се опорават и да се подготват за постудените денови. Во тоа може да ви помогне рузмаринот и неговото масло,кое можете сами да го направите во вашата кујна.

Ако го користите на правилен начин,вашата коса може да стане посилна,погуста и побрзо да расте.

Состојки:
3 стебленца свеж рузмарин

2 чаши вода

2 капки есенцијални масла по ваш избор

Подготовка:
Стеблата од рузмарин исечете ги со ножици,а доколку имате време можете и секој лист да го исечкате посебно.Во тенџере ставете ја водата да зоврие,а кога ќе зоврие додадете го рузмаринот.Гответе околу 10 минути,со повремено мешање,така што рузмаринот ќе ги ослободи своите сокови и мириси.

Процедете,па додадете есенцијални капки во таа течност.

Кога убаво ќе се излади, истурете го во стаклено шише,по можност шише со распрскувач.

Како се користи?
Попрскајте ја косата со ова масло откако ќе ја измиете или можете да ја попрскате пред спиење.

Доколку сакате вашата коса да биде бујна со здрави врвови и негувана,можете да вклучите кокосово масло во подготовката. Принципот на употреба е ист.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag