Фустан на принцезата Дијана на аукција! Се очекува да се продаде за 400.000 евра! (ФОТО)

popara7 септември, 20231min00
754843_dajana_m

Црвениот фустан на принцезата Дијана, дизајниран од Брус Олдфилд, е ставен на аукција во Беверли Хилс со почетна цена од 25.000 долари.

Покојната принцеза Дијана го носеше долгиот црвен свилен фустан со бисерен ѓердан и сатенски чевли.

Го носеше во неколку наврати, двапати во 1989 година и еднаш на 18-ти ноември 1991 година на светската премиера на филмот „Hot Shots!“ во киното Одеон на плоштадот Лестер во Лондон.

Долгиот црвен фустан има рачно изработен преден дел. Собран е, со дискретно деколте. Во средишниот дел фустанот е тесен и ја истакнува фигурата. Од колковите, фустанот нежно паѓа на подот, а хоризонталните набори на фустанот се шират од средниот шев и се протегаат кон задниот, пишува „Dailymail“.

759041_profimedia-0800831715_iff
759042_profimedia-0800831711_iff

Додека моменталната највисока понуда е 25.000 долари, се проценува дека фустанот ќе се продаде за меѓу 200.000 и 400.000 долари на аукцијата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma