Можете лесно и брзо дома да направите ефикасен спреј против прашина, тврди корисничка на „TikTok“.
Многу луѓе го пробле овој спреј и велат дека се воодушевени од него. За подготовка ви требаат само неколку состојки кои веројатно веќе ги имате дома.
Керолин МекКалоу на социјалните мрежи изјавила дека овој раствор делува магично и го спречува таложењето прашина на сите површини во домот.
Својот рецепт за магичниот спреј го сподели во видео што го објави на „TikTok“.
– Заборавете на постојаното бришење прашина и направете магичен спреј кој прави чуда – рекла Каролин.
Рецептот за магичниот спреј е следен:
Измешајте 1/4 шолја оцет, 1 лажица маслиново масло, три капки течност за миење садови и неколку капки есенцијално масло од цитрус.
Доколку не сте љубители на мирисот на оцет, можете да го замените со разреден лимон.
– Испрскајте го овој спреј на микрофибер крпа и избришете ги местата на кои има прашина – продолжи Каролин.
Таа додаде дека овој спреј целосно ја отстранува и одбива прашината.
Советува да се прска течноста најмалку еднаш месечно за да се спречи таложење на прашина.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
Видеото собра голем број прегледи, а многу корисници велат дека ќе го пробаат волшебниот спреј и дека се воодушевени од него.
– Го користам овој спреј и навистина ја одбива прашината. Не чистам со правосмукалка ни приближно колку порано, а имам три кучиња! – рекол еден корисник, пренесува „The Sun“.