Ал Пачино и неговата 54 години помлада девојка раскинаа: Нур пред три месеци роди син, а сега бара старателство?

popara9 септември, 20231min00
profimedia-0799822509-830x0

Ал Пачино (83) и Нур Алфалах (29) ја прекинале својата љубовна врска само три месеци откако добија дете, пишува „Дејли мејл“.

 

 

 

Според „Бласт“, пак, којшто објави и правни документи, Нур бара целосно старателство над нивниот син и дека сака глумецот да има право на посети.

 

Инаку, Ал Пачино и нeговата 54 години помлада девојка беа во врска две години. Во јуни оваа година, глумецот потврди дека го добиле своето прво заедничко, машко дете, а западните медиуми пишуваа дека таа направила и ДНК-тест којшто го потврдил татковството на Пачино.

 

Претпоследната врска на Нур – со Мик Џегер, заврши во 2017 година, а претходно таа беше поврзувана и со Клинт Иствуд. Инаку, Ал Пачино од претходните врски ги има ќерката Џули (33) и 22-годишните близнаци Оливија и Антон.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma