Десет дена нè делат од календарскиот почеток на есента. Повеќето есенски модни трендови се веќе добро познати. Иако сè уште не ги гледаме на улиците, водечките трендови во наредните месеци се истакнати во новите колекции на популарните брендови.
Сè уште ги чекаме првите топли капути и јакни, но и моделите за преодниот период се многубројни и разновидни.
Еден од нив е веќе класика – Шанел твид јакна. Овие јакни се познати по нивната добро скроена и ткаена твид текстура, а најчесто се во бледо розова, сина или сива боја.
View this post on Instagram
Шанел јакните се секогаш во пастелни тонови и носат посебна елеганција. Шанел јакната е дизајнирана далечната 1954 година. Препознатлива е по својот крој и материјал и е многу популарна. Може да се носи како јакна или наместо сако.
Оваа јакна е одлична за сите деловни пригоди, но и за елегантен изглед во слободното време.