Познатата манекенка Линда Евангелиста откри дека на 58 години тајно се бори со ракот. Канадската кралица на модната писта исто така откри дека веќе имала двојна мастектомија кога првпат и бил дијагностициран рак на дојка во декември 2018 година.
Таа беше една од петте супермодели кои се појавија на славната насловна страница на Вог, именувана како „извод од матичната книга на роденте“ на супермоделите.
По операцијата, хемотерапијата и радиотерапијата за најновиот тумор, и беше кажано дека нејзината прогноза е „добра, но не одлична“ и додаде:
„Постои шанса да се врати. Знам дека имам една нога во гроб, но целосно славам“, изјави таа во интервју за странски медиуми.
Линда опиша кога првпат и била дијагностицирана болеста.
„Тоа беше откриено за време на мојот годишен мамограф. Маркерите не беа добри, а поради други здравствени фактори, без двоумење, бидејќи сакав се да оставам зад себе и да не се занимавам со ова, решив да направам билатерална мастектомија“, рече таа и додаде.
„Мислејќи дека сум добра и подготвена за живот и дека ракот на дојката нема да ме убие“.
Но, во јули минатата година пронашла грутка на градите и направила магнетна резонанца и биопсија која открила дека има рак на пекторалниот мускул.
Таа му рекла на својот хирург да направи се што е потребно.
„Не сакам да изгледа убаво. Сакам да го ископаш. Сакам да ја видам дупката во градите кога ќе завршиш. Дали ме разбираш? Не сакам да умрам од ова“, рекла таа во својата исповед.
Таа објасни како потоа започнала курс за радиотерапија и хемотерапија.
Линда, која со францускиот милијардер Франсоа-Анри Пино го има 16-годишниот син Аугустин Џејмс, беше една од најголемите супермодели во деведесеттите.
Позната е нејзината изјава кога рекла дека нема да стане од кревет за помалку од 10.000 долари, а токму овој коментар предизвика низа негативни коментари.
Новата здравствена бомба на Линда доаѓа само две години откако таа откри дека останала изобличена од процедурата за липосукција на која била подложена, што всушност ја натерало да се здебели – во форма на тврди дамки од масти што не може да се отстранат.