Ослободете се од воспаление на мускулите! Ниту витамин Ц, ниту аналгетици – еве што всушност помага за ублажување на болката

popara25 септември, 20241min00
Screenshot_3

Секој кој вежба континуирано имал прилика барем еднаш да почувствува воспаление на мускулите и да се соочи со оваа непријатност. Зависно од интензитетот на тренингот и вашата моментална физичка форма, воспалението може да биде многу силно и да трае неколку денови, што ќе ве спречи да во наредните неколку дена повторно ја посетите теретаната.

 

 

 

Воспалението на мускулите е природна реакција на телото на необична активност. Дури иако редовно тренирате, при промена на фитнес рутината може да дојде до воспалување бидејќи телото се среќава со начин на вежбање на кој не е навикнат.

 

Како настанува воспаление на мускулите?

 

Додека интензивно тренирате или вршите некоја тешка физичка работа, на која телото не е навикнато, во структурата на мускулните влакна доаѓа до микрооштетување кое ја нарушува функционалната рамнотежа во внатрешноста на мускулот.

 

Што да правите тогаш?

 

Иако луѓето главно зимаат анелгетици, како што е аспирин, ибупрофен и слично, тие не се најефикасно решение. Ова сигурно ќе ја ублажи вашата болка, но исто така ќе ја запре серијата процеси кои доведуваат до закрепнување и раст на мускулите, давајќи ви контраефект на стагнација и оштетување на мускулите.

 

Како ефикасно да го решите воспалението?

 

За правилно да се решите од акутното воспаление на мускулите, може да направите неколку работи. Прво е ставањето на студени облоги на воспалените мускули.

 

Друг начин е вклучување на одредени намирници:

 

Ананасот содржи ензим наречен бромелин кој го смалува отокот и болката во мускулите.

 

Цреши и јаболки се корисни заради низата биофлавониоди што ги содржат, особено кверцетинот кој помага при закрепнување и полифенолите кои играат улога во заздравувањето на микротраумата во мускулите.

 

Папајата содржи ензим папаин кој по механизмот делува слично на бромелинот.

 

Оревот има голема концентрација на аргинин, аминокиселина делумно одговорна за производство на азотен оксид во градење на мускулите и голем процент на омега-3 масни киселини, кои исто така се антиинфламаторни и присутни кај рибиното масло.

 

Исто така, на третманот на воспалението му помага физички метод кој вклучува вежби за истегнување, што ја забрзува циркулацијата на воспалениот мускул.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag