Се шушка дека се заедно: Дали овој познат спортист е новото момче на Тејлор Свифт?

popara14 септември, 20231min00
Screenshot_3

Познатата пејачка Тејлор Свифт и ѕвездата на НФЛ, Тревис Келс, наводно се гледаат веќе неколку недели, пренесува „Пејџ сикс“.

 

 

 

 

Пејачката и членка на Канзас Сити Чифс, наводно, се поврзала со спортистот на еден од нејзините неодамнешни концерти, кои беа дел од нејзината многу успешна турнеја „Ерас“.

 

„Тејлор и Тревис се дружат во тајност, тие се запознале пред неколку недели во Њујорк“, изјавил близок извор за медиумите.

 

Иако ниту една ѕвезда директно не се огласи за гласините околу новата романса, Келс кога гостувал во една епизода од подкастот „Њу хајс“ („New Heights“), потврдил дека неодамна бил во Њујорк.

 

Кога неговиот брат Џејсон Келс во подкастот го прашал што правел за време на неговата слободна недела, тој одеднаш станал многу срамежлив и рекол дека не се сеќава што правел. Сепак, кога неговиот постар брат инсистирал да одговори, Тревис признал дека бил во Њујорк.

Подоцна во епизодата, браќата разговарале за мустаќите на Тревис, а Џејсон го прашал дали открил што мисли Тејлор Свифт за неговиот нов изглед.

 

„Хм, да, нема да ја спомнуваме Тејлор Свифт во оваа епизода“, низ смеа одговорил Тревис.

 

Инаку, пред нешто повеќе од еден месец, двократниот шампион во Супер Боул откри дека планира на Свифт да ѝ подари „алка за пријателство“, со неговиот број на неа, пред нејзиниот настап во Канзас Сити.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma