Кели Озборн за прв пат по породувањето во јавност: „Се криев затоа што се плашев од коментари“

popara14 септември, 20231min00
Кели Озборн

Ќерката на познатиот британски рокер Ози Озборн со години се бори со вишокот килограми,а сега и успеа во она што не можеше да го направи ниту по поставувањето на гастричен бајпас – ослабе повеќе од 40 килограми.Телевизиската водителка, модна дизајнерка и актерка Кели Озборн отсекогаш водела војна со вишокот килограми,од кои никогаш не успеала да се ослободи.До неодамна.Имено, за време на бременоста достигнала нездрава и опасна тежина,па по породувањето решила да направи се за да се чувствува подобро.Таа призна дека се чувствува очајно,тешко оди и не сака да излезе од дома за никој да не ја види.„До неодамна не сакав да излезам за луѓето да не ја видат мојата големина.Се криев во куќата девет месеци за да не трпам понижувачки и навредливи коментари.Полека почнав да се борам со трудничките килограми и кога ја достигнав старата тежина си помислив – ‘Не ти оди лошо, сега само продолжи’.

Но,кога деновиве за прв пат се појави во јавноста со нова фигура,ги загрижи обожавателите со драстична промена.Со екстремно витките линии и затегнатото лице таа предизвика огромна љубопитност,а меѓу многуте коментари имаше и такви кои тврдеа дека дефинитивно била подложена на естетска операција.

„Тоа е обликот на моето лице.Правев само ботокс и тоа е тоа.Чудно ми е што сега,кога сум слаба,сите повторно ме критикуваат и се обидуваат да сфатат што сум направила од себе.Ништо, само ослабев“, изјави таа деновиве објаснувајќи каде отидоа тие огромни килограми.

Ќерката на познатиот рокер Ози Озборн досега призна дека во 2018 година направила операција на гастричен бајпас поради дебелината,а потоа ослабела речиси 40 килограми,но дел од нив се вратиле бидејќи признала дека не започнала поздрав начин на живот,а таа процедура не резултирала со слабеење,ако не вежбате и внимавате што јадете.

Пред десет години со родителите  Шерон Озборн и легендарниот рокер Ози Озборн, кој боледува од Паркинсонова болест.

Во основа, Кели Озборн сега изгледа како поинаква жена, слабеењето е секако поголемо од првиот пат, а во одржувањето на витката линија секако ќе и помогне десетмесечниот син Сидни,кој наскоро ќе прооди.

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma