Пејачката гостуваше во спотот на „Beauty Secrets“ на Vogue и откри зошто повеќе не користи козметички инјекции и ботокс,но не ја отфрли можноста повторно да користи во иднина.Поп-пејачката Аријана Гранде се расплака во видеото за тајните за убавина на Vogue и откри дека повеќе не користи ботокс.Гранде, која ја игра добрата вештерка во претстојната филмска адаптација на мјузиклот „Wicked“, во видеото ја покажа својата рутина за убавина и сподели како повеќе не чувствува потреба да користи козметички инјекции.
„Имав тони филери за усни и ботокс низ годините. Престанав во 2018 година бидејќи се чувствував како да е премногу. Едноставно се чувствував како да се кријам“, објаснила пејачката. Гранде почна да плаче и продолжи да објаснува дека шминката долго време била форма на прикривање.
View this post on Instagram
„Со текот на годините користев шминка како маска“,признала таа и продолжила дека на сличен начин користела и додатоци за фризури.„Повеќе коса,се повеќе, подебел ајлајнер,понекогаш може да биде убаво,но навистина се криев.
Нејзиниот стил на шминка со текот на годините се менуваше,а во последно време се повеќе се приклонува кон поприроден изглед кој ги истакнува цртите на нејзиното лице,додека на почетокот на кариерата се обидуваше да ги сокрие.
„Да се биде изложен на толку многу мислења, особено на млада возраст, е навистина тешко бидејќи сè уште не знаете што да размислите“,објасни Гранде.
Како што со текот на годините добиваше поголема самодоверба, Гранде откри дека шминката сè повеќе ја гледа како начин на самоизразување и истакнување на она што го има.„Нашите односи со убавината се толку лични.Зборуваме за тајните за убавина,но нели е тајна дека сите сакаме само да се чувствуваме најдобро и да бидеме сакани“,вели таа во видеото.
Иако престана да користи филери и ботокс,пејачката потврди дека не им суди на оние кои ги користат,а не ја исклучи можноста во иднина повторно да се одлучи да ги користи или да проба некоја друга естетска процедура.