Овие намирници се „УБИЈЦИ“ НА КАНДИДАТА – Храна која помага да се ослободите од досадната габична инфекција

popara16 септември, 20231min00
profimedia-0584210268

Постојат намирници за кои е докажано дека се ефикасни во борбата против габичните инфекции на органите за варење. Во продолжение откријте како да се борите против кандидата во устата и цревата.

 

 

 

 

Што предизвикува кандидијаза?

Кандида (Candida albicans) е вид габа што природно е присутна во усната шуплина, во слузницата на вагината и во гастроинтестиналниот тракт и ако е на нормално ниво, не предизвикува никакви проблеми. Меѓутоа, неправилната исхрана, прекумерното пиење алкохол, стресот и варењето на храната може да предизвикаат раст на кандидата. Симптомите на кандидијаза вклучуваат надуеност, осип на кожата, габични инфекции и општа слабост.

 

Исхрана која го спречува размножувањето на кандидата

За да го заштитите вашето здравје од оваа габа, избегнувајте да јадете овошје со висока содржина на (природен) шеќер, јаглехидрати, алкохол, млечни производи и шеќер во каква било форма, вклучувајќи и мед. Наместо тоа, вашата исхрана треба да се базира на месо, риба, пилешко, зеленчук и здрави масти. Ако ви е дијагностицирана кандидијаза, вклучете ги овие здрави намирници во вашата исхрана:

 

Кокосово масло

Ова масло содржи поголеми количини на три киселини – капрична, каприлична и лауринска киселина, кои можат да го запрат растот на кандидата и на други патогени бактерии. Лауринската киселина е исто така ефикасна во лекувањето на раните во усната шуплина.

 

Куркума

Овој зачин содржи куркумин, супстанца со антиинфламаторно и антифунгално дејство, што може да го запре растот на кандидата и да ве заштити од габични инфекции. Едно истражување открило дека куркуминот ги спречува габите да останат во усната шуплина.

 

Лук

Кога лукот е згмечен или исечкан, се ослободува алицин, состојка за која е докажано дека го запира растот на габите во устата. Бидејќи алицинот се распаѓа на високи температури, најдобро е да се јаде свеж лук секогаш кога е можно.

 

Ѓумбир

Има силно антимикробно дејство и може да го запре растот на кандида и на други патогени микроорганизми.

 

Кисела зелка

Сите сорти кисела зелка се синоним за здравје бидејќи се богати со пробиотици. Ако ѝ додадете лук, ѓумбир и мелената пиперка на киселата зелка, оваа храна станува идеална за превенција или третман на кандидијаза.

 

Јаболков оцет

Антимикробното дејство на јаболковиот оцет е поефикасно дури и од најчесто користениот лек нистатин за превенција на орална кандидијаза.

 

Кељ

Кељот е богат со растителни влакна и е совршена храна за корисните цревни бактерии. Содржи специфични супстанции што не ѝ се допаѓаат на кандидата.

 

Кандидијазата ја спречуваат и следните намирници: прокељ, спанаќ, рукола, зелка, брокула, целер, боранија, краставица, модар патлиџан, кромид и тиквички.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma