Кафето е одлично за дополнителна енергија наутро или за да го надминете заморот среде работниот ден. Досегашните истражувања покажаа дека постојат многу придобивки од пиењето кафе.
Утврдено е дека го намалува ризикот од рак на простата, помага во одржување на здравјето на срцето и помага при губење на тежината.
Но, за некои луѓе, кафето всушност може да има повеќе негативни отколку позитивни несакани ефекти. На пример, може да забележите дека кафето понекогаш ве прави вознемирени или нервозни, а во некои случаи може да ве натера да одите во тоалет повеќе од нормално, велат експерти.
Со цел подобро да разбереме дали кафето е добар избор за нас или не, нутриционистите открија кои луѓе треба да избегнуваат или барем да го намалат пиењето кафе за да си го зачуваат здравјето.
Според Eat This, Not That луѓето кои треба да престанат да пијат кафе се оние кои имаат синдром на нервозно црево, глауком, хиперактивен мочен меур, аритмија, проблеми со спиењето (особено несоница), високо ниво на анксиозност или склоност кон напади на паника, дијареа, епилепсија и ГЕРБ.
Секоја од овие состојби значително се влошува со консумирање кафе, а тоа е особено случај со хроничните болести кои се опасни сами по себе, како епилепсија или неправилно чукање на срцето.