Бела Хадид позираше целосно ќелава во новата Хевн (Heaven) кампања на Марк Џејкобс за колекцијата есен 2023 година, а за некои фотографии дури и се соблече гола.
Трансформација е во функција на новата колекција на Џејкобс инспирирана од вештачката интелигенција. Имено, Бела се телепортира во нова галаксија додека носи некои научно-фантастични парчиња, пишува „Пејџ сикс“ (Pagesix).
„Колекцијата есен 2023 оддава почит на иконските и сакани чизми Кики“, се вели во соопштението на модната куќа, претставувајќи ја „Kiki Group“, палетата на облека и додатоци“.
bella hadid for heaven fw23 pic.twitter.com/QzbwiNUILm
— bella archive (@hadidfiles) September 9, 2023
На друга фотографија се гледа како таа позира целосно гола само со скулптурална сребрена манжетна за уши. Правејќи ја сликата уште пострашна Бела има сребрени пипала што растат од нејзиниот рбет.
Бела – која неодамна се врати на манекенството по едномесечното отсуство од индустријата поради нејзината борба со Лајмската болест секогаш предизвикува внимание со својот невообичаен стил и појава.
BELLA HADID IS BACK AND SHE’S COOLER THAN EVER!
bella by carlijn jacobs for heaven by marc jacobs fw23 campaign ☆ pic.twitter.com/Etz05B5FRr— DUDA (@saintdemie) September 9, 2023
Минатата година, таа ја затвори ревијата на модната писта на Коперни со тоа што и го исцртаа фустанот со спреј директно на нејзиното тело , а во 2021 година, таа не носеше ништо друго освен ремени за возбудливиот едиторијал на Келвин Клајн.
Сега, кога Бела се врати во модната индустрија со полно работно време, очекувајте таа да продолжи да ги врти погледите кон себе (со или без коса) во догледна иднина.