Џо Манганиело, поранешниот сопруг на Софија Вергара, по сè изгледа дека не страдал долго по разводот.
Имено, неодамна одекнала веста дека славниот пар се разделува, но овој згоден фраер очигледно не губи време. Тој бил забележан како ја напушта теретаната со актерката Кејтлин О’Конор и тоа во одлично расположение. Потоа двајцата седнале во неговиот автомобил и со насмевки го продолжиле дружењето.
Не поминаа ни два месеци откако се раздели од една од најубавите жени, а веќе излегува со друга, па странските медиуми шпекулираат дека се родени нови симпатии. На познатиот заводник на чие мускулесто тело не можат да одолеат многу девојки, не му пречи фактот што актерката е 13 години помлада.
Joe Manganiello was seen in California with the beautiful actress Caitlin O'Connor. pic.twitter.com/B1qtP7D6vG
— Ex is not real Ex (@Extraisnot82985) September 15, 2023
А која е, всушност, Кејтлин?
Кејтлин О’Конор Перди е американска актерка, модел и водителка. Родена во 1990 година во Лос Анџелес, пораснала во Пенсилванија, каде што завршила средно училиште. Таа се вратила во својот роден град на 17-годишна возраст да би завршила UCLA.
Потоа влегла во светот на манекенството, а набрзо станала принцеза на Дизни.
Сака борбени спортови и работела како ринг девојка за „Top Rank Boking, UFC Fight Pass“. Таа е дел од бројни познати светски рекламни кампањи, а во 2013 година се нашла и на листата на 10 најубави Американки. За нејзината популарност придонело и појавувањето во финалето на серијата „Два и пол мажи“. Има интервјуирано бројни ѕвезди и одлично се снаоѓа пред камерите. Сепак, својот приватен живот со години успешно го крие од јавноста.
Во јули, како бомба одекна веста дека Софија Вергара се разведува од сопругот по 7 години брак. Иако не ја открија главната причина за разделбата, тие дадоа кратка и концизна изјава за медиумите.
Joe Manganiello was seen in California with the beautiful actress Caitlin O'Connor. pic.twitter.com/B1qtP7D6vG
— Ex is not real Ex (@Extraisnot82985) September 15, 2023
„Донесовме тешка одлука за разводот. Како двајца луѓе кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно ве замолуваме да ја почитувате нашата приватност во овој момент додека проаѓаме низ оваа нова фаза од нашите животи“, изјавиле тие за медиумите.