Куркумата најчесто се користи за слабеење бидејќи го забрзува метаболизмот,а овој рецепт за чудесен чај од куркума се пие само 5 дена.
Куркумата е способна да го опорави целиот организам,а освен за зајакнување на имунитетот се користи и за слабеење.
Како е поврзана куркумата со слабеењето?
Зголеменото количество на масно ткиво во телото создава воспалителни процеси.Тешкото и зголемено воспаление може да ја промени отпорноста на ткивото на инсулин,што го поттикнува телото да складира се повеќе и повеќе калории како маснотии.
Главната активна состојка на куркумата е куркуминот,кој делува на 2 начини:
• Има термогенетско дејство и природно ја зголемува внатрешната температура на телото.Ова го забрзува процесот на разградување на хранливите материи,особено мастите.
• Куркуминот во куркумата исто така го забрзува метаболизмот,а со тоа и варењето и брзината со која телото согорува калории.
Куркуминот промовира детоксикација на црниот дроб
Покрај куркуминот,синергијата на сите состојки содржани во куркумата влијае и на чистењето на целиот организам,особено на црниот дроб.За да ослабеме што е можно полесно, ажно е нашиот црн дроб да биде исчистен бидејќи игра голема улога во согорувањето на мастите.Ако црниот дроб е преоптоварен,неговата работа се забавува,а со тоа и согорувањето на мастите и губењето на тежината.
Како да користите куркума
Најлесен начин да ја користите куркумата е да ја користите како зачин. Посебно се препорачува во комбинација со ориз, лиснат зеленчук и мешунки. Покрај тоа, куркумата најдобро се користи со црвено или бело месо.
Чај од куркума за побрз метаболизам
Доколку сакате да го забрзате метаболизмот и да го подобрите варењето и да го забрзате слабеењето, тоа можете да го постигнете со пиење чај од куркума минимум 5 дена.Подготовката на овој пијалок е многу едноставна.Потребни ви се:
¾ лажичка куркума
2 големи лажици домашен мед
3 чаши вода
Растворете ја куркумата во водата и варете додека водата не се намали на доволно за 2 чаши.Потоа процедете,додадете мед и по желба малку млеко и напитокот е готов.