Украдени се 50 „Balmain“ парчиња пред големата ревија: Се огласи разочараниот креативен директор на брендот

popara18 септември, 20231min00
tan2023-05-02031809501-830x0 (1)

Креативниот директор на „Balmain“, Оливие Растинг неодамна на социјалните мрежи сподели тажна и по малку шокантна вест.

Дизајнерот на социјалните мрежи откри дека група луѓе украле парчиња од претстојната линија на модната куќа, непосредно пред нивната следна голема модна ревија.

Оливие ја сподели веста на својот Инстаграм профил @olivier_rousteing, откривајќи дека кражбата се случила додека возач превезувал делови од аеродромот до седиштето на брендот.

– Денеска отидов во канцеларија во девет часот наутро чекајќи ги последните парчиња за нашата ревија, нашата ревија „Balmain“ во септември. Во тој момент работев на некој друг стајлинг со тимот и ни се јави нашиот возач и рече дека бил ограбен од група луѓе. Украдени се повеќе од 50 парчиња. Возеше од аеродромот до седиштето на Балмен. – напиша тој и додаде:

– Ова е толку неправедно. Јас и мојот тим работевме напорно. Ќе работиме понапорно, деноноќно, нашите добавувачи исто така ќе работат деноноќно, но ова е такво непочитување. Сакав да го споделам ова со вас за да ве потсетам, не земајте ништо здраво за готово и бидете безбедни. Ова е светот во кој живееме.

– Фала му на Бога, возачот е безбеден – ги известил Оливие своите следбеници.

Неговите следбеници и обожаватели на овој бренд во коментарите напишаа само зборови на поддршка за 38-годишниот дизајнер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma