Растенијата во собите каде што најчесто престојуваме не само што се убави за гледање, туку и имаат големи здравствени придобивки.
Постојат неколку студии кои се занимаваат со овие теми и дадоа многу интересни и нови перспективи за растенијата што ги гледате во затворен простор.
Познато е дека растенијата го прочистуваат воздухот што го дишеме, но покрај тоа, има и дополнителни придобивки.
Едно истражување од 2015 година дошло до заклучок дека растенијата можат да не ослободат од стресот. Растенијата во ваша близина помагаат да се потисне активноста на симпатичкиот нервен систем и дијастолниот крвен притисок. Ова најмногу можело да се види во примерот кога испрашувале луѓе кои работат на компјутери. До нив стоеле растенијата, заради кои потврдиле дека се многу порелаксирани.
Вистинските растенија можат да ја изострат вашата концентрација
Жал ни е, но пластичните растенија нема да ви помогнат да ги положите испитите. Во една помала студија во која учествуваа 23 учесници, истражувачите ги ставиле учениците во училница со лажно растение, вистинско, фотографија од растение и без растение.
Скенирањето на мозокот на учесниците покажа дека учениците кои учеле со вистински, живи растенија во училницата биле повнимателни и поспособни да се концентрираат од учениците во другите групи.
Побрзо закрепнување
Можноста да гледате растенија и цвеќиња може да го забрза вашето закрепнување од болест, повреда или операција.
Преглед на истражување од 2002 година покажа дека на луѓето кои се опоравуваат од неколку типови на операција им требаат помалку лекови против болки и имале пократок престој во болница од луѓето кои не гледале зеленило за време на периодот на опоравување.
Важно е да се напомене дека повеќето истражувања се фокусираат на растенија и природни пејзажи во болнички услови, а не дома, известува Healthline.com.