Користите КАПСУЛИ ЗА ПЕРЕЊЕ АЛИШТА? Експерти ги објаснуваат честите грешки при нивно користење

popara18 септември, 20231min00
ac79f75a747d45b01cce6ca384f3562a00d04745

Капсулите за перење, доколку не ги користите правилно, можат да направат повеќе штета отколку корист. Меѓутоа, ако ги совладате основните чекори, ќе сфатите дека тие се многу практични.

Доколку забележавте дека ги вадите алиштата од машината за перење, а на нив има траги од детергентот и капсулата кои не се доволно растворени, ова е знак дека не ги користите правилно, пишува Best Life.

А правилото е, капсулата мора да биде во контакт со вода.

„Капсулите за перење алишта се дизајнирани целосно да се растворат во вода, рамномерно ослободувајќи ги средствата за чистење во текот на циклусот на перење“, вели Муфета Кругер, експерт за чистење.

Со ставање на капсулата на дното, и давате поголема шанса целосно да се врзе со водата додека машината се полни, што потоа ќе и овозможи да се раствори, вели инфлуенсерката Лаура Маунтфорд.

„Кога капсулата не се растворува целосно, средствата за чистење и ензимите во неа може да не се рамномерно распоредени“, објаснува таа, додавајќи дека тоа може да предизвика лепење на остатоците на облеката и да предизвика дамки.

Значи, ако не ги користите правилно, капсулите може да ги оштетат вашите алишта.

Капсула врз алиштата

„Вообичаена грешка е додавањето на капсулата со детергент директно врз алиштата во машината за перење“, вели Тонер, додавајќи дека капсулите секогаш треба да се ставаат на дното на барабанот пред да додадете облека.

Со ставање на капсулата на дното, и давате поголема шанса целосно да се врзе со водата додека машината се полни, што потоа ќе и овозможи да се раствори, вели инфлуенсерката Лаура Маунтфорд.

Од друга страна, ако ја ставите капсулата врз вашата облека, таа нема да се раствори правилно.

Празна машина

Капсулите за перење алишта исто така добро функционираат само кога машината за перење е полна до пропишаниот капацитет, пренесува City Magazine.

„Важно е да се следат упатствата на производителот за количината на алишта“, вели Кругер, додавајќи дека ако ја преоптоварите машината и додадете премногу облека, капсулата може да не се раствори правилно. Според Кругер, преполната машина нема да остави доволно простор за правилно растворање на капсулата со детергент.

„Кога машината за перење е премногу полна, можеби нема доволно простор за капсулата да се раствори и рамномерно да се распореди меѓу облеката“, тврди таа, додавајќи дека тоа може да доведе до тоа некои предмети да добијат премногу детергент, додека други да добијат премалку.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma