Силвестер Сталоне и неговата убава сопруга привлекоа внимание во елегантни изданија

popara19 септември, 20231min00
Силвестер Слај Сталоне и неговата сопруга Џенифер Флавин

Силвестер Слај Сталоне и неговата сопруга Џенифер Флавин беа забележани на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто.Слај ја имаше безрезервната поддршка од неговата гламурозна сопруга Џенифер Флавин на премиерата на документарниот филм на Нетфликс „Sly“ што се одржа во Торонто.

77-годишниот актер и неговата сопруга не се одвојуваа еден од друг расположени позираа на црвениот тепих. Парот, кој очигледно ги испегла своите брачни проблеми,бидејќи беше објавено дека се пред развод,модерно се координираа на премиерата во темни тонови.

Сталоне беше облечен во темно син костум,кој го комплетираше со црна кошула и елегантни чевли,додека Џенифер (55) ги привлече погледите во ефективен фустан од тантела со кратки ракави и златни сандали,истакнувајќи го тенкиот струк со ремен.

Џенифер го комплетираше својот стајлинг со клач и пристоен накит, ја обликуваше косата во меки бранови и се одлучи за гламурозна шминка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma