9 грешки кои ги правиме кога подготвуваме ПАЛАЧИНКИ: Ако не ви успеваат, обрнете внимание на овие совети

popara19 септември, 20231min00
1e70282de01ebaf8b2082fb538a03565630b91fd

Палачинките се едни од најстарите, но и наједноставните десерти кои се направени од основни состојки. Секако, секогаш постојат некои трикови кои ќе ви овозможат совршено да направите палачинки, а искусните домаќинки открија кои се грешките кои често ги прават сите, а лесно можат да се избегнат.

Погрешна тава

За да може палачинките да испаднат како што треба, треба да користите добра тава. Не ја тријте по употреба, туку исплакнете со вода и тестото нема да се залепи.

Не користите добро масло

Кога сакате да подмачкате тава за палачинки, не користете маргарин или путер. Маслото е задолжително, а количината ја бирате по желба.

Наместо лажица, користите миксер

Смесата за палачинки ќе биде совршена ако состојките ги комбинирате со лажица, а не со миксер. Така ќе бидат помеки, а може да претерате со миксерот, па палачинките ќе бидат гумени и цврсти.

Претерано мешање

Колку и да ви изгледа нелогично, грутките во смесата се добра работа. Важно е состојките добро да се соединат, а ако се обидете да се ослободите од грутките, смесата повторно ќе биде лоша, па палачинките ќе испаднат гумени.

Премногу шеќер во смесата

Некои домаќинки додаваат ванилин шеќер во смесата, но премногу од оваа состојка може да направи палачинките да се залепат за тавата. Само бидете умерени.

Премачкување на тавата

Со четка или салфетка лесно премачкајте ја тавата со масло, а за да не се премногу мрсни, во смесата можете да додадете и малку рум.

Силен оган

Палачинките најдобро се пржат на средна или пониска температура. Ако претерате, не само што можат да изгорат, туку и да останат неварени во средината.

Се вртат само еднаш

Подобро е да ги проверите палачинките со подигање на едниот крај од тавата отколку да ги вртите неколку пати, бидејќи и нивното вртење може да испадне тешко и цврсто.

Премалку трпение

Откако ќе се испржат палачинките, оставете ги да одморат десетина минути за да омекнат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma