Линда Евангелиста искрено за нејзиниот петгодишен брак со Џерардо Мари.Поранешниот канадски супермодел Линда Евангелиста ја сподели својата шокантна исповед во документарниот филм „Супермодели“,испраќајќи силна порака за поддршка на жртвите кои пријавуваат насилство и сексуална злоупотреба.
Таа сподели дека и самата била жртва на злоупотреба и дека нејзиниот поранешен сопруг Џералд Мари ја малтретирал за време на нивниот петгодишен брак.Таа се омажи за Џералд,поранешниот европски директор на Elite Models,кога имаше 22 години, а се разведе на 27 години.Тој подоцна беше обвинет од 13 модели за силување и сексуален напад во текот на 1980-тите и 1990-тите.
Некои од нив биле малолетни во моментот на малтретирањето, на околу 14 години.Тој ги отфрли сите наводи и во февруари оваа година француските обвинители ја затворија истрагата поради застареност.Линда Евангелиста вели дека верувала во сите тврдења на жените и дека ја фали „нивната храброст и сила“.Таа откри дека и дале храброст да проговори,но дека нивните обвинувања и го скршиле срцето.
– Би сакала правдата да биде задоволена. Би сакала таква група луѓе двапати да размислат и да се плашат и би сакала жените да знаат дека не се сами – открила Линда.Кога таа зборуваше за нејзиниот брак за прв пат,тврдеше:
– Сфатив дека сум во погрешна врска.Напуштањето на навредлива врска е полесно да се каже отколку да се направи.Не е само да кажеш дека сакам развод,се гледаме,не функционира така.Но,знаеше дека не смее да ми го допира лицето,тоа му донесе пари.Евангелиста рече дека не ја раскажала својата приказна порано од страв,туку дека сите жени кои се јавиле и дале сила и храброст да проговори.
– За време на врската со Џералдо не знаев ништо за тие сексуални обвинувања,па не можев да им помогнам на тие жени. Слушајќи ги сега,и врз основа на моето искуство,верувам дека ја кажуваат вистината.Срцето ми се крши бидејќи тоа се рани кои можеби никогаш нема да зараснат и се восхитувам на нивната храброст и сила – изјави таа претходно за “Guardian”.