Што прави Хју Џекмен по улиците во Њујорк по неговиот развод?Сите гледаат зачудено,тој успеа да каже само една реченица

popara20 септември, 20231min00
Хју Џекмен

Актерот по 27 години брак повторно е сингл.Познатиот актер Хју Џекмен неодамна помина низ бракоразводна постапка со неговата сега веќе поранешна сопруга Дебора Ли Фурнес. Сите погледи на јавноста беа вперени во нив во изминатите неколку дена.

Поради големото внимание на јавноста и вревата која се крена во медиумите поради нивниот развод,актерот извесно време не се појавуваше во јавноста.Сепак, животот продолжува,а еден ден тој излезе на улиците на Њујорк.

Новинарите и обожавателите се обидуваа да му постават прашања,но тој не беше заинтересиран да одговори.

Тие објавија соопштение кое ги изненади сите нивни фанови и пријатели.

– Имавме среќа да споделиме речиси три децении заедно како маж и жена во прекрасен брак полн со љубов.Нашето патување сега се менува и решивме да се разделиме за да продолжиме со нашиот индивидуален раст“, ​се вели во соопштението.

– Нашето семејство беше и секогаш ќе биде наш главен приоритет.Ние го преземаме ова следно поглавје со благодарност,љубов и добрина.Ние многу го цениме вашето разбирање во почитувањето на нашата приватност додека нашето семејство минува низ оваа доживотна транзиција.Ова е единствената изјава што некој од нас некогаш ќе ја даде.

 

Сепак, сите ги интересираше како се чувствува сега Хју, а она што медиумите го забележаа е дека тој повеќе не го носи својот венчален прстен. Шеташе по улиците на Њујорк,обидувајќи се да продолжи таму каде што застана.

Изгледаше малку расеан,како да талка без воопшто да знае каде оди.На прашањето на еден од фановите,тој само накратко успеа да каже:

– Ова е комплицирано време.

Изгледа дека на актерот му било многу тешко, толку многу што не сакал да зборува за тоа.

Актерот (54) и Дебора Ли (67) се разведоа, а во бракот посвоија две деца Оскар (23) и Ава (18).

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag