Состојки:
500 мл млеко
150 гр ориз
4 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
50 гр чоколадо за готвење
50 гр путер
Подготовка:
Сварете го млекото со шеќер и ванилин шеќер. Додадете путер и ориз. Гответе поклопено на тивок оган околу половина час. Потоа додадете го чоколадото и варете уште 20 минути со повремено мешање. Готовиот сутлијаш истурете го во чинии, оставете да се излади, декорирајте и послужете.