ТРИК ЗА ЧИСТЕЊЕ ПОДОВИ: Во водата додадете една состојка и вашиот стан ќе заблеска!

popara21 септември, 20231min00
Трик за чистење подови

Доколку ве нервираат мали гребнатинки и дамки на ламинатот, ќе ве воодушеви трикот кој се користи за чистење пред професионалното фотографирање на станови за списанија. За убави слики, на кои подовите сјаат „како на реклама“, користете глицерин.

Најпрво исчистете ги подовите со правосмукалка на вообичаен начин, а исто така можете да поминете сè со „првата вода“.

Потоа истурете три до четири лажици глицерин во кофа со вода, промешајте и избришете ги подовите со оваа смеса. Исполирајте за висок сјај.

Овој рецепт можете да го користите за ламинати, но и за паркет или линолеум. Мебелот од кожа исто така убаво се чисти со мешавина од вода и глицерин. Ако на некои места брзо се собира прашина, истријте го мебелот со вода и глицерин и ќе се ослободите од проблемот.

За миење на запуштени прозорци, добра е мешавина од вода (70 ml) и глицерин (30 ml) и неколку капки амонијак. Со него испрскајте ги прозорците и добро избришете. Чистиот глицерин е одличен за одржување на гумата на фрижидери, замрзнувачи и автомобили.

Можете исто така да користите глицерин за да ги отстраните дамките од ‘рѓа со мешање на лажичка течен сапун, глицерин и вода. Добро измешајте, па нанесете на дамката и оставете 24 часа. Измијте и по потреба повторете ја постапката.

Загреаниот глицерин може да ги отстрани тврдокорните дамки од маснотии, но потоа може да остави траги на ткаенината. Можете да ги отстраните со поголема концентрација на детергент во прав.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma