Покрај тоа што актерството го претвори во милиони и често настапува со рок бенд,холивудската суперѕвезда може да се пофали и со уште еден талент кој носи милиони.Американскиот актер Џони Деп зад себе има повеќедецениска успешна кариера и многу улоги за паметење, а познато е дека е и одличен гитарист.
Иако често настапува со својата група „Hollywood Vampires“, глумата му е примарен извор на приход,а од речиси 100-те филмови што ги снимил во својата богата кариера заработил огромно богатство.
Според некои податоци,тој има околу 150 милиони долари,но од неодамна заработува огромни суми на поинаков начин.
Многумина не знаат дека холивудската ѕвезда има многу повеќе таленти,а неодамна најде начин од тоа и да профитира!
Имено, Џони Деп е надарен сликар, а најчесто слика истакнати уметници на кои им се восхитува и заработува големи суми на пари.Неодамна за само три дена продаде неколку свои слики и заработи дури 4,5 милиони долари.
Станува збор за ограничена серија портрети на актерите Хит Леџер и Ривер Феникс,реге музичарот Боб Марли, неговиот пријател и познат писател Хантер С. Томпсон.
Сликите потпишани од Џони Деп беа понудени во галеријата за ликовни уметности Castle, во Ковент Гарден, Лондон, чиј портпарол рече дека речиси се што е понудено е распродадено за пет дена.
– Има уште неколку портрети на Рибер Феникс – рече тој.
Инаку, ова е втора изложба „Пријатели и херои“ организирана од Џони Деп во Англија. Првата беше многу успешна и брзо распродадена, а љубителите на уметноста имаа можност да ги видат и купат портретите на Елизабет Тејлор, Ал Пачино, Кит Ричардс, Боб Дилан.
View this post on Instagram