Во ова грешите кога ги бришете прозорците: 3 работи на кои укажуваат експертите

popara21 септември, 20231min00
shutterstock1232714287-830x0

Бришењето на прозорци е, ќе признаеме, вистински тренинг.

Сепак, резултатите ќе ги видиме дури кога ќе заврши досадното чистење и полирање. И, на крај има дамки. Изгледа дека не е толку едноставно. Не грижете се, овие грешки се многу чести и незабележливи кога е во прашање овој дел од средувањето на домот, а еве кои се според експертите.

1. Сончево и убаво време

Да, времето. Експертите наведуваат дека најчеста грешка е тоа што луѓето обично избираат сончев ден за миење и бришење на прозорците. Сонцето ќе исуши одредени делови од течноста за бришење пред да можете да ја отстраните. Верувајте, понекогаш секунди се важни.

2. Прскање на средството за чистење на нечистотијата и прашината

Пред да започнете, избришете ја нечистотијата од рамката на прозорецот.

Ова ќе спречи нечистотијата да се претвори во каллива прашина кога се меша со средството за чистење.

3. Заштедете течност

Не воздржувајте се да ја прскате течноста за чистење, особено ако вашите прозорци изгледаат многу валкани. Ви треба многу средство за чистење за да ја растворите и отстраните целата нечистотија. Ако заштедите, ќе видите ленти од прашина, вели „Goodhousekeeping.com“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma