Овен
Денес сте многу емотивно затворени и никој нема да ве допре и да ве испрашува за вашите емоции. Здравјето е стабилно, но внимавајте на можните аспекти на хронични болки во грлото или стомачни проблеми.
Бик
Треба да донесете многу комплицирана одлука која не е воопшто едноставна и се однесува на љубовните врски. До крајот на денот поволни вести од личност под знакот Јарец кои ви даваат можност да напредувате во бизнисот.
Близнаци
Меркур е во вашето поле на комуникација и соработка, па затоа е многу важно многу посериозно да се посветите на се. Немојте да се изненадите ако другите ве користат за свои цели затоа што често можете да бидете наивни.
Рак
Денес ќе бидете многу внимателни и повлечени од случувањата околу вас. Треба да се посветите на себе и на вашите планови за иднината. Најмногу ќе има проблеми со луѓе кои не ве разбираат емотивно.
Лав
Денес ќе започнете да решавате некои семејни и парични прашања. Не донесувајте ненадејни одлуки бидејќи тоа никому не му носи ништо добро. Љубовната врска е на добар пат да стане посериозна.
Девица
Ситуацијата во семејството најмногу зависи од вас бидејќи создавате тензија и не сакате да ги гледате некои работи онака како што треба. Пазете се од ненадејни одлуки кои се однесуваат на вас и на вашата врска со партнерот.
Вага
Ќе имате многу среќа во односите со другите луѓе бидејќи ќе можете да ја пренесете вашата позитивна енергија. Луѓето под знакот Лав ви се голема поддршка во бизнисот и искористете го влијанието на оваа личност за да започнете нешто ново.
Шкорпија
Обидете се со убави зборови да донесете и создадете добра клима во кругот на семејството. Не држете се до одредени модели на однесување, обидете се да го промените вашето однесување во односот со партнерот.
Стрелец
До крајот на неделата ќе бидете многу добро расположени поради добрите вести кои доаѓаат од личност под знакот Јарец. Можни здравствени проблеми, затоа посветете повеќе внимание на начинот на кој спиете.
Јарец
Самиот почеток на денот е многу интересен бидејќи ќе имате многу добри и поволни информации во врска со некое патување кое сте го планирале однапред. Партнерството е многу стабилно благодарение на вашата упорност.
Водолија
Од вас зависи како ќе му презентирате одредени работи на партнерот, особено се што е поврзано со вашата иднина. Личност под знакот Овен ви дава погрешни информации, внимавајте во вториот дел од денот.
Риби
Ситуацијата со Венера создава голем притисок и не можете да создадете стабилна основа што се однесува до односите со луѓето. Љубовта е многу проблематична и не можете однапред да решите одредени работи.