Многу жени имаат проблем со темни кругови околу очите, кои не можат да се сокријат со обична пудра, па дури ни со помош на коректор.
Ако припаѓате на оваа група и веќе сте ги испробале сите методи за покривање и ништо не успеало, можеби овој трик ќе ви помогне.
Темните кругови се естетски проблем, а за успешно прикривање потребен ви е црвен кармин кој со лесен потег ќе го нанесете директно под очите.
Еве како да го добиете резултатот со помош на црвен крамин.
Карминот намачкајте го со лесен потег директно под окото, а потоа нежно раширете го со прст или сунѓерче. Внимавајте да не нанесувате премногу кармин.
Откако ќе го направите сето тоа, нанесете подлога како што обично правите. Црвениот кармин дава добри резултати бидејќи црвената ги неутрализира виолетовите тонови под очите.