Поранешниот светски супермодел Алесандра Амбросио покажа дека се уште може да ги „засени своите помлади колешки“, појавувајќи се во екстравагантен, тесен фустан кој ги истакна сите нејзини атрибути.
Кога се прошета по црвениот тепих на ревијата на познатиот бренд, сите фото-објективи беа вперени кон неа, а и со добра причина – црната тоалета која го истакна нејзиното деколте, со длабок шлиц напред, ги привлече сите погледи.
Посебен детал беше цветот циклама во пределот на колковите, кој одговараше на темните циклама салонки, а на целиот изглед му даде одредена елегантна нота. Мини-чанта во црна боја придонесе за едноставноста на комбинацијата.
Друг интересен дел од оваа облека беа хулахопките кои изгледаа како „едно со фустанот“.
Како ви се допаѓа изборот на Алесандра?