Супа со кнедли од гриз: Рецепт од нашите баби за младите домаќинки!

popara22 септември, 20231min00
494320_corba_m

Ништо не ве расположува кога ќе се вратите од работа уморни како домашна супа, во случајов со кнедли од гриз… Уживајте!

Состојки:

1,5 l вода
два или три моркови
корен од магдонос
половина корен од целер
две коцки за супа
половина китка листови од магдонос
сол, бибер

За кнедли:

јајце
лажица путер
60 гр гриз
малку сол
прстофат прашок за пециво

Подготовка:

Измешајте ги јајцето, путерот и гризот, па додадете сол и прашок за пециво. Оставете да отстои 30 минути. Во меѓувреме во тенџерето ставете го сечканиот зеленчук, а кога ќе почне да врие додадете ги коцките за супа, убаво измешајте и варете 20 минути. Зачинете со сол и бибер. Со лажица се зема малку од смесата со гриз и се става во зовриена вода. Гответе уште пет до шест минути. Посипете со магдонос и послужете.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma