На премиерата на филмот „Murder Mystery 2“ во режија на Џереми Гарелик одржана во Лос Анџелес во март оваа година, Џенифер Анистон блесна во краток фустан на Atelier Versace.
Главниот актер од „Случајни детективи 2“ Адам Сендлер се појави на премиерата во горен дел од тренерка со розова хавајска кошула што ѕиркаше одоздола, комбинирајќи ги парчињата со удобни панталони и тиркизни тренерки.
Кога Џенифер Анистон сфати во што се појавил нејзиниот колега на црвениот тепих, на хумористичен начин искоментира пред фотографите и ги собра новинарите – „Што правиш? Тренерка? Нема да стојам покрај тебе кога си така облечен!“
Џенифер и Адам се пријатели долги години и нивната врска е секогаш проткаена со шмек на хумор. А изјавата спомената погоре е само шега – во која има одредена вистина. Џенифер навистина го сака Адам (и таа вечер позираше со него на црвениот тепих), но таа често се нервира за неговите модни избори.
Американскиот комичар е познат по својот лежерен стил на облекување во Холивуд. Најчесто носи кратки кошаркарски шорцеви, предимензионирани спортски кошули, тениски копачки и капи. Неговиот личен моден стил не се менува многу кога оди на црвениот тепих (или барем кога се облекува за важни награди и не користи помош од стилист).
Овој тип на облека беше исклучително популарен во времето на пандемијата – па дури и американското списание „Вог“ иронично му ја додели на актерот наградата за модна икона во 2021 година, наведувајќи дека тогаш сите го копирале стилот на Сендлер.
„Сега, секој пат кога некој ќе се жали на неговиот изглед, тој вели – Вог рече дека изгледам одлично. Ти благодарам, Вог“, раскажа Џенифер Анистон во едно интервју.