На модната недела во Милано пристигна и актерката Деми Мур, која меѓу другото не ја пропушти ревијата на која модната куќа Fendi ја претстави својата колекција за пролет/лето 2024 година.
Актерката на ревијата пристигна во корално-портокалов сет на модната куќа Fendi од ребрест материјал кој ја истакна нејзината женствена фигура.
Горниот дел од комплетот се состои од топ со подигната јака,додека долниот дел се состои од здолниште со асиметричен раб и ефективни набори.
Кога станува збор за обувките,актерката се одлучи за црно-златни сандали со тенки ремени и висока потпетица.
Изгледот го комплетираше со висечки обетки.Долгата коса ја носеше пуштена,разделена на средина.Актерката со следбениците на Инстаграм сподели фотографии од Милано,а тие ја опсипуваа со комплименти.”На облеката и правите услуга со тоа што ја носите е само еден од коментарите.