Многу луѓе се грижат кога одат по улица, зад нив да останува мирис од парфемот што го ставиле.
Некои успеваат да изберат некој што е пријатен за сетилото за мирис, додека други немаат толку среќа. Покрај убавиот мирис, многу е важно и каде на телото го ставате. И не е важно кога тоа го прават мажите, а кога жените.
Главно се работи за вратот и зглобовите, но еве неколку совети каде да ставите парфем, па без разлика на јачината да го мирисате цел ден.
Кај мажите најдобро е парфемот да го испрскаат вратот и рамената, бидејќи токму тука најмногу ќе се почувствува мирисот, пишува „Reddit“. Ќе се чувствува исто толку силно ако го ставите парфемот на градите и зглобовите, а најмалку ќе се чувствува ако го ставите на внатрешната страна на лактот и подлактицата.
Кога станува збор за дамите, парфемот треба да го испрскате зад ушите, на вратот, но и на градите – мирисот најдолго ќе остане таму.
Нема да биде толку силен ако ставате парфем на рамената, зглобовите и зад колената. Најмалку мирис ќе почувствувате ако го ставите на внатрешната страна на лактот.